ВИДЕО: Магија на Нејмар

Фудбалерите на Сантош го победија еквадорскиот Макара со 2-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Копа Судамерикана.

Капитенот на „светците“ и првата ѕвезда на тимот, Нејмар беше централна фигура на натпреварот, имаше двојна асистенција и, заедно со стрелците на головите, најзаслужен за пресвртот на бразилскиот претставник во второто најсилно јужноамериканско натпреварување.

Вистинска магија направи Нејмар во 44. минута кога со совршено додавање, апсолутно генијално, го „поврза“ Габриел Барбоса со голот при првиот допир, и го постигна израмнувачкиот гол.

Тековното издание на Копа Судамерикана е исклучително интересно поради фактот што во ова натпреварување играат двата најголеми аргентински клуба, Бока и Ривер, повеќекратни победници на елитниот Копа Либертадорес.

Се вчитува...