ВИДЕО: Мајстории на Чурлинов во триумфот на Македонија над Летонија во Рига

Младата репрезентација на Македонија за играчи до 18 години одигра одличен натпревар на турнирот „Четири нации“ во Рига, славејќи со убедливи 1-3 против домаќинот Летонија.

Сите три погодоци на избраниците на Вујадин Станојковиќ беа во првото полувреме, а исклучително расположен за игра беше Дарко Чурлинов кој на извонреден начин, откако во слалом нанижа тројца противнички дефанзивци, асистираше за првиот погодок во 24. минута… Изнуди Чурлинов потоа и пенал во 39. минута кој успешно го реализираше Димитар Митровски, а надмоќното полувреме го заокружи и Никола Богдановски со погодок.

Во вториот дел, домашните во 75. минута успеаја само да го ублажат поразот.

Македонија, по вчерашното реми со Украина (1-1) утре против Норвешка ќе игра за освојување на првото место на турнирот.

Се вчитува...