ВИДЕО: Мајсторска акција Дориев-Ибраими-Ахмеди… Шкендија со пресврт до водство на полувремето

Шкендија има предност од 1-2 против Вардар на полувремето од дербито во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Вардарци“ поведоа со голот на Јован Попзлатанов уште во 11. минита, но потоа Шкендија успеа да дојде до комплетен пресврт. Најпрво во 15. минута прекрасен деби-гол во дресот на тетовци постигна Флорент Рамадани, а во 40. минута извонредна акција на Љупче Дориев и Бесарт Ибраими која одлично ја круниса Валон Ахмеди…

Се вчитува...