ВИДЕО: Мајсторски гол на Давид Бабунски…, но не успеа да го спаси својот тим од пораз

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски го постигна својот трет гол сезонава во дресот на Мезоковец во унгарскиот шампионат.

На гостувањето против Академија Пушкаш, Бабунски во игра влезе во 56. минута, а веќе во 58. минута постигна мајсторски гол со пета за намалување на предноста на домашните на 2-1 во тие моменти.

Сепак, до крајот Мезоковец не успеа да се спаси од пораз од 2-1 против Академија Пушкаш.

Се вчитува...