ВИДЕО: Македонски атракции за Шпанците – Шоу во Мец на Кире Лазаров…

Македонија игра одлично полувреме против една од најдобрите светски селекции на Светското првенство во Франција. Може да жалиме што и не водиме на полувремето, а имаме „само“ 14-14, со оглед на тоа што во последните минути влеговме со предност и од 14-11, но во секој случај дефинитивно ќе го паметиме ова полувреме по супер атрактивните погодоци кои и ги сервираме на Европа…

Двата цепелини на капитенот Кире Лазаров, без сомнение, се издвојуваат. Првиот со Дејан Манасков за наше водство од 11-9…

И, вториот во комбинација со Гоце Георгиевски за водство од 12-10…

Претходно, имавме негатива и од 5-8 во текот на полувремето, но успешно се вративме со феноменална серија од 9-3, за да сепак Шпанците во финишот стигнат до 14-14.

Се вчитува...