ВИДЕО: Марио Илиевски со ефектен гол во 93. минута донесе гостинска победа за Кишварда!

Македонскиот напаѓач Марио Илиевски го постигна својот трет гол сезонава во унгарскиот шампионат во дресот на Кишварда, но овој пат повеќе од значаен за триумф на својот тим на гостувањето против Академија Пушкаш.

Илиевски влезе во игра во 70. минута од средбата, за да во самиот финиш во третата минута од судиското продолжение донесе големи три бода за својот тим за победа од 0-1.

Македонскиот офанзивец во 93. минута одлично реагираше ефектно под гредата погодувајќи во мрежата на домашните за победа од 0-1 на Кишварда.

Кишварда со оваа победа се проби на втората позиција на табелата, со 25 бода, два помалку од водечкиот Ференцварош кој има и три одиграни натпревари помалку.

Се вчитува...