Работнички ја надминува резултатската криза доаѓајќи и до втората едноподруго победа на гостински терен со идентични 1-2, овој пат против Ренова во Тетово.
Оливер Пеев го постигна победничкиот гол за „романтичарите“ во натпревар во кој веднаш потоа поради жестоки протести кон главниот судија беше исклучен тренерот на Ренова, Никола Илиевски – Џиџи.
Претходно, Работнички поведе со голот на Вијачки во 63. минута по корнерот од левата страна…
А, домашните на сличен начин израмнија преку Адем во 74. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА