ВИДЕО: Милан Ристовски сам ја победи големата Спарта Прага!

Одличен настап за македонските репрезентативци Милан Ристовски, Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски во најсилниот шампионат на Чешка.

Офанзивецот Милан Ристовски имаше извонреден натпревар, издвојувајќи се како најдобар фудбалер на мечот во победата на  Бохемијанс од 2-0 против големата Спарта Прага.

Ристовски најпрво во 60. минута стрелаше за водство од 1-0 на својот тим…

А, потоа во 62. минута повторно беше најзаслужен и за триумфот од 2-0, откако по неговиот удар со глава и одбиената топка, Хулка погоди за 2-0.

Тихо Костадинов, пак, беше асистент за Словачко, но неговиот тим загуби со 1-2 од Дукла Прага во мечот во кој во одбраната на Словачко, целиот натпревар го одигра и Андреј Стојчевски.

Се вчитува...