ВИДЕО: Многу емоции…, моменти за морници…, Овации за Гранде на „Јохан Кројф арена“!

ЕКИПА во Амстердам,

Роберт Спасовски (ФОТО/ ВИДЕО)

Вистински моменти за морници кои емотивно го допреа секој поддржувач на македонската репрезентација.

Со овации најголемиот фудбалер во македонската историја Горан Пандев испратен на „Јохан Кројф арената“ на последниот негов натпревар во репрезентативниот дрес. Во 69. минута грмна арената во Амстердам со аплаузи од сите страни за големиот Пандев. Аплаудираа и холандските репрезентативци, и Де Бур и Весли Снајдер од трибините и милиони гледачи пред екраните…

Долго по замената и влегувањето на негово место на Тихомир Костадинов, и македонските навивачи на „Јохан Кројф арената“ со скандирање на името на Гранде Пандев му дадоа признание за се што направи за македонскиот фудбал изминативе 20 години.

Се вчитува...