ВИДЕО: Моментот кога „пукна“ соработката меѓу Новак и Иванишевиќ

По речиси шест години вчера официјално завршена соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ.

Српскиот тенисер се одлучи да се раздели со Иванишевиќ во желбата за ново свое „воскреснување“ и враќање на победите по неуспешниот старт на 2024 година.

А, српските медиуми наведуваат дека одлуката за крај на соработката со својот тренер Новак ја донел по поразот од Јанк Синер на Австралија Опен. Уште во текот на мечот, Ѓоковиќ во еден момент полуде на својот тим прозивајќи ги среде меч: „Вие не сте нормални. Како сте лоши… Вие сте ужас, ужас…“

Тоа е, се наведува, моментот и преку кој не можел да помине и Иванишевиќ, поради што заеднички, на некој начин, изминативе месеци донеле одлука за разделба.

Се вчитува...