Андреј Маслинко сосема заслужено се закити со МВП-признанието на завршниот турнир од Купот на Македонија што се одржуваше во Гевгелија.
Крилниот центар одигра маестрално на трите меча, во полуфиналето со Пелистер беше без промашување од поле со 27 постигнати поени, а во големото финале против Кожув имаше 17 поени со одличен шут (8/10 од поле).
Во МЗТ се горди на изданијата на својот репрезентативец, па вечерва освојувачот на Купот на Македонија објави видео-компилација од најдобрите потези на Маслинко на завршниот турнир во Гевгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА