ВИДЕО: Најинтересните моменти од мечот во Ереван – Вардар блед, безидеен, без срце, без душа!

Крајно разочарувачко издание на Вардар на стартот од квалификациите за Лигата на Европа.

Најмалку е важен поразот од 1-0 на гостувањето против Пјуник во Ереван, но далеку потрагичен е начинот на кој „вардарци“ го одиграа натпреварот во Ерменија. Без идеја, без игра, без срце, без душа, без ниту една шанса за гол…, и покрај навидум доминацијата во второто полувреме и обидите да се дојде до израмнување.

Затоа, сумирајќи ги и најинтересните моменти од мечот во Ереван едноставно нема што да се издвои од играта на македонскиот вицешампион, кој во Скопје ќе мора да брка негатива за пласман во следната рунда натпревари во Европа…

Се вчитува...