ВИДЕО: Најмагичниот момент во Еврокупот – поените на Димитријевиќ за триумф на Хувентуд

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во извонредна вечер сам ја донесе победата на Хувентуд против француски Нантер од 80-78 во Еврокупот.

Димитријевиќ, преземајќи ја одговорноста во последниот напад, при 77-78 се одлучи на влез положувајќи покрај тројца противнички кошаркари и погоди под прекршок. Потоа од линијата за слободни фрлања поставувајќи ги конечните 80-78. Сето тоа повеќе од доволно за овој потег на македонскиот кошаркар да биде издвоен како најмагичниот момент во оваа рунда натпревари од Еврокупот…

Димитријевиќ го заврши натпреварот со 23 поени и одличен шут од поле (2/4 за три, 6/6 за два, 5/6 за еден поен), надополнети со пет асистенции и две украдени топки.

Се вчитува...