Видео: Најсреќниот гол во ЛЕ оваа сезона

Славија Прага постигна два погодоци во првото полувреме од гостувањето во Севилја, а оној вториот дефинитивно е најсреќниот гол постигнат во Лигата на Европа сезонава.

По изведен корнер од левата страна топката прелета неколку фудбалери на двата тима и го удри во рамото Крал. Фудбалерот на Славија и самиот не знаеше што се случува, па се сврти со грб од голот барајќи ја топката, додека таа со чудно движење заврши во горниот агол од противничкиот гол.

На Крал му беа неколку секунди за да увиди дека постигнал гол, па да почне со прославата на значајниот погодок во осминафиналето од ЛЕ.

Се вчитува...