ВИДЕО: Не можеше подраматично – Три пенали, седум гола и погодок на Мустафов во 94. минута за триумф на Силекс

Максимално возбудлив натпревар со три пенали и седум гола одиграа Силекс и Работнички во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, во кој триумфираа кратовци со 4-3.

По релативно мирното прво полувреме во кое домашните дојдоа до водство од 1-0 со голот од пенал на Иван Ивановски во 29. минута, се останато се случи во вториот дел.

Најпрво, Денис Ристов во 50. минута зголеми на 2-0 за Силекс…

По само три минути, со ефектниот гол на Лука Станковски „романтичарите“ намалија на 2-1, а веќе во 60. минута со голот на нововлезениот Лука Чумиќ беше 2-2.


Сепак, со вториот гол од пенал на Ивановски, Силекс во 79. минута повторно дојде до предност, за да има потоа и трет пенал, но на спротивната страна за Работнички, па Стеван Јевтоски во 83. минута израмни на 3-3. Конечните 4-3 за триумф на Силекс ги постави Бурхан Мустафов во четвртата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...