ВИДЕО: Непотребни протести на Шкупи – оправдано повторен пенал за Струга ТЛ, Наумовски надвор од линијата!

Многу тензија, жестоки протести на фудбалерите на Шкупи во финишот на првото полувреме од дуелот против Струга ТЛ од 4. коло во ПМФЛ.

По досудениот пенал за домашните, најпрво Немања Босанчиќ во првиот обид не успеа да го реализира ударот од белата точка откако гостинскиот голман Наумовски го одбрани. Но, пеналот оправдано беше повторен од судијата Александар Ставрев откако очигледно беше дека Наумовски излезе пред гол-линијата пред шутот на Босанчиќ

Во вториот обид Босанчиќ погоди запишувајќи хет-трик за водство од 3-1 на Струга ТЛ по само 45 минути.

Но целокупната ситуација донесе непотребна нервоза во редовите на Шкупи и силни протести, па на крајот црвен картон заработи и капитенот Фати Исмаили.

Се вчитува...