ВИДЕО: Нешто што ретко се гледа – Траги-комичен автогол на Пелистер!

Шкупи има предност од 0-2 на гостувањето против Пелистер во Битола во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани имаа предност по само шест минути игра. Најпрво уште во 1. минута погоди Радески, а во 6. минута вистински траги-комичен момент пред голот на Пелистер.

Автогол каков ретко се гледа на фудбалските терени. Крстевски се обиде да ја исфрли топката од пред својот гол, но го погоди само Алпај Јусуф од чие тело топката отседнува во мрежата на домашните…

Се вчитува...