ВИДЕО: Неверојатен гол на Валон Етеми – поведе акција од својот шеснаесетник и по трк од 70 метри стрела за Истанбулспор!

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми игра во извонредна форма во турската Суперлига.

Во 13. коло од шампионатот на Турција, Истанбулспор од 18. минута води на гостувањето против Гиресунспор со 0-1 и сето тоа благодарение само на Етеми.

Македонскиот фудбалер од пред својот шеснаесетник поведе акција проигрувајќи го Топали, а потоа доби повратна топка и по трка од цели 70 метри во контранапад избивајќи сам пред противничкиот голман мајсторски погоди за водство на својата екипа.

 

Ова е четврти гол сезонава за Етеми во турската Суперлига.

Се вчитува...