Видео: Неверојатната тројка што ја одбележи ноќта во НБА

Торонто важеше за голем фаворит на дуелот со Шарлот, но гостите успеаја да слават на тешкиот меч во Канада, и тоа со неверојатна тројка од сопствената половина.

Шарлот имаше три секунди за последната акција и целосно ја искомпликува, Џереми Ламб конечно ја фати во рацете на една секунда до крајот и ја исфрли кон кошот, а радоста кај гостинските кошаркари кога таа мина низ обрачот беше огромна.

Исто како и разочарувањето на домашните играчи и навивачи, кои не можеа да поверуваат што им се случи.

Се вчитува...