Видео: Никола Јокиќ – „Господин трипл-дабл“ во плејофот

Никола Јокиќ уште еднаш ја потврди извонредната форма, предводејќи го Денвер до гостинска победа во Портланд за израмнување на 2-2 во полуфиналната серија од западната конференција.

Српскиот центар го заврши мечот со 21 поен, 11 скокови и 12 асистенции, што е негов втор трипл-дабл во оваа полуфинална серија, откако имаше два и во првата рунда од плејофот против Сан Антонио.

Погледнете ги најдобрите моменти од настапот на Јокиќ на синоќешното гостување во Портланд.

Се вчитува...