ВИДЕО: Објавена нова снимка од масовната тепачка во Атина

Чешката интернет страница Hooligans.cz, која ги следи голем број на навивачи и нереди во светот, објави нова снимка од инцидентот во Атина, и тепачката меѓу навивачите на Динамо Загреб и на АЕК, при што едно лице го загуби животот.

Во тепачката биле вклучени и навивачи на Панатинаикос, а навивачите на Динамо Загреб денеска треба да излезат на сослушување во Атина.

На новата снимка се гледа како навивачите на АЕК најпрво стојат, а потоа бегаат од нападот на навивачите на Динамо и на Панатинаикос. Се сомнева дека тројца грчки државјани биле организатори на овој неред.

Полицијата веќе неколку дена трага по убиецот на навивачот на АЕК Михалис. Во медиумите се споменуваат разни теории, а засега главни осомничени се тројца Грци, еден Хрват и еден Албанец. Грчки портал пишува дека кај Хрватот и Албанецот биле најдени ножеви на склопување на кои биле најдени траги од крв.

Се вчитува...