Видео од пред 18 години апсолутен хит: Зидан и Солари…

Зинедин Зидан е апсолутно тема број еден во фудбалска Европа по синоќешното официјално претставување како старо-нов тренер на Реал Мадрид, каде се враќа откако претходно освои три наслови Лига на шампиони во низа. А, за разлика од него, наследниците Лопетеги и Солари не успеаја да направат ништо позначајно.

Зидан сега влетува на местото на Солари… Па, во тој контекст низ интернет простори се шири видео снимка од 2001 година од натпреварот во кралскиот куп меѓу Реал и Ланцароте на кој Зидан влегува во игра место Солари.

Симболиката е апсолутно јасна, Зидан после 18 години повторно е во „игра“, а Солари мора надвор…

 

Се вчитува...