ВИДЕО: Одлично прво полувреме на дербито… Три гола, грешки, пенал и протести…

Одлично прво полувреме играат Вардар и Шкендија на дерби пресметката од 20. коло во ПМФЛ на „Телеком арена“. Вардар сосема заслужено води со 2-1, постигнувајќи два гола а имаше уште најмалку две одлично можности за гол.

„Вардарци“ поведоа со голот на Барсегјан во 28. минута, по грешката на голманот на Шкендија, Марко Јовановски…

Потоа, Ибраими израмни со погодокот во 40. минута…

Но, Хуан Фелипе во 45. минута со гол од пенал, откако беше соборен Дејан Блажевски во шеснаесетникот на гостите, носи предност на полувремето од 2-1… Фудбалерите на Шкендија протестираа кај главниот судија Александар Ставрев за досудениот пенал, но тој остана на својот став.

Се вчитува...