Работнички дојде и до втората едноподруго победа на гостински терен славејќи со 1-2 на гостувањето против Ренова во Тетово.
А, најзаслужен за триумфот е младиот голман Ристе Јанков кој во 81. минута при водство од 1-2 за својата екипа го одбрани ударот од белата точка на Влатко Стојановски.
А, досудениот пенал – вистинска пародија. По корнерот од левата страна, двајца фудбалер на домашните онака ‘самоиницијативно’ си се срушија пред голот на Работнички втурнувајќи се во гостинските дефанзивци. Но, за судијата Марјан Маркоски, сепак, тоа беше пенал. На крајот Јанков некако ја „израмни правдата“….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА