ВИДЕО: Перфекции на мало на Ибраими – „Хет-трик“ за водство на Шкендија од 3-0!

Бесарт Ибраими е убедливо најдобриот поединец на реванш дуелот од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Токму благодарение на Ибраими, Шкендија за само 12 минути во второто полувреме води со 3-0 против Вардар со што веќе обезбеди место во полуфиналето од Купот на Македонија.

Ибраими најпрво погоди во 53. минута, потоа демонстрираше вистинска мајсторија во 56. минута за водство од 2-0…

И, на крајот во 65. минута ја искористи грешката на Серафимов постигнувајќи „хет-трик“ за 3-0…

Се вчитува...