ВИДЕО: Перо Антиќ во епизодата – „На патот до третата европска круна“!

Најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ се запиша во историјата на европската кошарка со третата за себе европска круна! Нешто кое не им успеало на бројни славни имиња од европската кошарка.

По двете претходни титули со грчки Олимпијакос, овој пат со турскиот Фенербахче, Перо Антиќ го „покори“ Стариот континент. Нова извонредна сезона остави зад себе, преку која уште еднаш дополнително ја промовираше и македонската кошарка во светски рамки…

Се вчитува...