Видео: „Плачкото“ Меси во епизодата – зошто не ми додавате

Лионел Меси станува се повеќе исфрустриран во таборот на ПСЖ, откако аргентинскиот ас не успеа да се адаптира во екипата, а и соиграчите не го бараат при секоја акција како што тоа беше случај додека беше прва ѕвезда на Барселона.

Меси се налути пред самиот крај на првото полувреме, кога Верати се најде во шеснаесетникот и нафрли кон вториот дирек, наместо да го проигра Аргентинецот.

За волја на вистината, Меси воопшто не беше осамен, но тоа не му пречеше да го искаже бесот кон својот соиграч.

Се вчитува...