Македонија го освои првиот златен медал на Медитеранските игри 2026 во Таранто, Италија. Нов медитерански шампион во карате е Матеј Белистојаноски кој го освои златниот медал во кумите во категоријата до 67 килограми.
Белистојаноски во финалето беше убедливо подобар од Хрватот Боран Берак победувајќи го со 6-0.
Матеј Белистојаноски на тој начин и го донесе на Македонија првиот златен медал, по претходните две сребра и три бронзени одликувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
