ВИДЕО: Поништен ли е чист гол за Брера против Гостивар!?

АП Брера и Гостивар преку изведувањето на пеналите ќе го бараат својот пат во четвртфиналето од Купот на Македонија откако по регуларниот дел, осминафиналната пресметка во Струмица заврши без голови.

Но, се чини домашниот тим и тоа како беше поблиску веќе до пласман во четвртфинале ако не беше, се чини, неоправдано поништениот гол на Цветаноски во 57. минута од средбата.

Беше досудена офсајд позиција, а се чини ниту Цветаноски ниту, пак, Сисе до кого беше упатена топката не беа во недозволена позиција…

Се вчитува...