ВИДЕО: Поразот на Вардар за збогум од Анталија – Конечно погоди и Барсегјан…

Вардар со пораз од руски Терек од 1-3 ги заврши подготовките во Анталија. Тимот на Гоце Седлоски имаше предност од 1-0 по првото полувреме, но со три гола во вториот дел им дозволи на Русите да триумфираат.

Црвено-црните“ поведоа со голот на Барсегјан во 14 минута. Терек израмни од пенал преку Торже во 58. минута. Во завршницата, Митришев со два погодоци го порази Вардар. Првиот гол го постигна во 72.минута, а стрелаше прецизно и во 88. минута, за конечни 1-3…

Се вчитува...