ВИДЕО: Потврда за тоа кој е најдобар на ЕП – Неверојатна „бомба“ од 10 метри

Европското првенство во ракомет полека навлегува во својата завршница, а во досегашниот дел од натпреварувањето се издвои еден ракометар. Без дилема, најдобар играч во досегашниот тек од ЕП е Сандер Сагосен кој е вистински лидер на Норвешка.

Норвежаните денеска славеа со 23-20 во соседското дерби против Шведска, па се на само чекор од полуфинале. Сагосен постигна осум гола повторно брилјирајќи.

23-годишниот Сагосен во моментов е најефикасен на ЕП 2020 со 42 гола на пет меча. За каков ракометар станува збор покажа и со „бомбата“ на денешниот дуел од 10 метри… Топката во мрежата на противникот патуваше со брзина од 118 километри на час.

 

Се вчитува...