Лука Дончиќ важи за еден од најдобрите кошаркари на денешницата, но Словенецот мора да му биде вечно благодарен на тренерот Пабло Ласо што му даде шанса уште на 16-годишна возраст да блесне во првиот тим на Реал Мадрид.
Дончиќ дебитираше на денешен ден пред точно седум години, кога стана најмлад дебитант во дресот на „кралевите“ на дуелот со Уникаха. Иако премлад, тој немаше проблем уште во првиот напад да ја земе топката и да погоди тројка, најавувајќи почеток на една кошаркарска бајка што се уште трае.
7 years ago the history was made… @luka7doncic‘s debut for @RMBaloncesto senior team.
Enter the game, get the ball, shoot the ball, make first basket… #MFFL
🎞️ via @ACBCOM pic.twitter.com/OzMCwqazPp— Luka Bassin (@LukaBassin) April 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА