ВИДЕО: Првите видео-снимки…, Брза интервенција но немаше спас за Коби и сопатниците

Американските медиуми пренесувајќи ги првите информации за големата хеликоптерска несреќа во која загина НБА легендата, Коби Брајант информираат и околу деталите од трагедијата.

Брајант, заедно со уште четири лица, загинал во услови на магла кога неговиот приватен хеликоптер се срушил во ридот во близина на државниот парк Малибу во Калифорнија. Се работи за ридска област во близина на населена област. Веднаш по падот на хеликоптерот избувнал пожар кој пожарникарските единици кои брзо стигнале на местото го изгаснале, но немало можност за спасување на патниците во хеликоптерот.

Американските медиуми и со првите видео-материјали известуваат од местото на големата несреќа:

Се вчитува...