ВИДЕО: Работнички повторно води… Супер акција – Шаркоски со мајсторска реакција!

Работнички повторно има предност против унгарски Хонвед, сега со 2-1, во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа откако Николче Шаркоски погоди во 60. минута.

По извонредното нафрлање од левата страна, Шаркоски мајсторски реагираше пред голот на гостите и со одличен шут погоди неодбранливо под самата греда…

Претходно, Работнички дојде до водство со голот на Петковски во 34. минута, а израмни Наџи со гол од 30 метри во 45. минута.

Се вчитува...