ВИДЕО: Раул и соиграчите не го заборавија – Пријатно изненадување за Диви!

Голманот на Вардар, Петар Ангелов – Диви денеска го одигра последниот свој натпревар во црвено-црниот дрес.

Сето тоа не го заборавија тренерот на „вардарци“, Раул Гонзалес и неговите соиграчи кои на две минути пред крајот на дуелот против Борец во Велес на кој Вардар ја осигура шампионската титула, приредија изненадување за него…

divi 3

divi 4

Раул го искористи тајм-аутот за „вардарци“ да му искажат благодарност на Диви за неговиот досегашен ефект во клубот… На крајот Ангелов доби и овации од преполсната сала „Гемиџии“ во Велес…

Се вчитува...