ВИДЕО: Разочарување… Реакцијата на Дончиќ кога дозна дека нема да биде на Ол-стар мечот

Една од најпријатните освежувања во новата сезона од НБА лигата, Словенецот Лука Дончиќ нема да биде дел од Ол-стар мечот на 17. февруари во Шарлот.

На огромно разочарување на многу кошаркарски фанови во САД и светот, Дончиќ сепак не е одбран од тренерите ниту за резервите на натпреварот на ѕвездите.

Словенечкиот кошаркар одлуката дека нема да биде на Ол-стар мечот ја дозна за време на дуелот против Детроит кога од официјалниот спикер беа соопштени имињата на резервните кошаркари. И, сосема очекувано, не му беше сеедно…

 

Се вчитува...