ВИДЕО: Репрезентативците ја почувствуваа „Јохан Кројф арената“ во Амстердам

ЕКИПА во Амстердам,

Роберт Спасовски (ФОТО/ ВИДЕО)

Македонските репрезентативци го одработуваат во моментов официјалниот тренинг на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам пред утрешниот натпревар со Холандија од 3. коло во Групата Ц на ЕВРО 2020.

Националниот тим ја почувствува арената на која утре посакува да дојде до позитивен резултат за крај на европското првенство.

Натпреварот ќе биде и од посебно значење како последен во кариерата на капитенот Горан Пандев кој најави повлекување од репрезентативниот дрес по крајот на шампионатот.

Се вчитува...