Кристијано Роналдо беше во главна улога на денешниот дуел меѓу Ал Наср и Ал Адха, што неговиот тим ја доби со 2-1 по голема борба и резултатски пресврт во завршните десетина минути.
Португалецот постигна еврогол од слободен удар, кога од околу 30 метри испрати проектил што гостинскиот голман не можеше да го запре.
Во 89. минута беше досуден пенал за Ал Наср и сите очекуваа да го изведе токму Роналдо, но Португалецот тогаш изненади оставајќи му ја топката на својот соиграч Талиска.
Причината не е незадоволство, туку напротив – солидарност и помош за тимскиот колега кој ја брка „златната копачка“ во лигата на Саудиска Арабија. Талиска има само еден гол помалку од најдобриот стрелец Хамдалах од Ал Хилал, а Роналдо му укажа доверба и помош да се израмни со него на листата на стрелци.
За сите оние кои тврдат дека Кристијано е самобендисан и мисли само на себе, ова е вистински начин да им се затнат устите…
RONALDO WITH A FREE KICK WHAT A GOAL SIUUUUUUUUUUUpic.twitter.com/IVWvsomgOZ
— Noodle Vini (@vini_ball) March 18, 2023
Cristiano Ronaldo just let Talisca take a crucial penalty to complete the comeback for Al Nassr, Talisca is now only 1 goal behind the league top scorer.
But I’m supposed to believe Ronaldo is selfish and only cares about himself…pic.twitter.com/izC0Gwas5q
— Noodle Vini (@vini_ball) March 18, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА