ВИДЕО: Човечката големина на Роналдо и соиграчите

Фудбалската репрезентација на Португалија се подготвува за стартот на квалификациите за Европското првенство 2020 година, засилена со камбекот во националниот тим на Кристијано Роналдо.

Во пресрет на натпреварот Роналдо заедно со соиграчите пронајдоа време да приредат изненадување на најмладите навивачи на португалската репрезентација, меѓу кои беа и деца со посебни потреби. Тие на децата им дадоа пригодни подароци, им даваа автограми и се фотографираа со нив.

Португалците најпрво на 22. март ќе ја дочекаат репрезентацијата на Украина, a пак на 25. март во Лисабон ќе бидат домаќини на Србија.

 

Се вчитува...