ВИДЕО: Шкендија може да се радува – Радески е оној стариот!

Шкендија силно граби кон одбрана на титулата во домашниот шампионат, по победата и од 2-1 во 27. коло од ПМФЛ во градската пресметка против Ренова.

„Црвено-црните“ до водство дојдоа со голот на Егзон Бејтулаи во 34. минута. По само четири минути Ренова израмни со ефектниот гол на Нехар Садики, а победата на Шкендија ја донесе Марјан Радески со голот во 54. минута.

Радески оваа пролет, по девет месеци пауза поради тешката повреда, се врати во составот на тетовци и веќе е оној стариот. Повторно носи победи за Шкендија!

Головите од градскиот дерби дуел во Тетово може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...