ВИДЕО: Шкупи дочека радост на Чаир… Јашароски е играчот за победа!

По четири месеци Шкупи конечно дочека радост во македонското првенство на својот стадион во Чаир, триумфирајќи со 3-1 против Победа во 30. коло од ПМФЛ.

По мирниот прв дел, триумфот на чаирчани го најави Ален Јашароски кој е играчот на натпреварот за Шкупи. Во 63. минута по убава соло акција донесе предност од 1-0…

Во 76. минута, Јашароски, пак, асистираше на Емре Чан за водство од 2-0…

На 3-0 во 82. минута зголеми Баже Илијоски од пенал…

А, прилепчани само го ублажија поразот со голот од пенал на Филип Најдовски во 87. минута….

Се вчитува...