Академија Пандев повторно со два гола од пенал стигна и до победата од 2-1 против Ренова во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На натпреварот кој се одигра на стадионот „Кукуш“ во Турново, Академија Пандев дојде до предност со голот на Љупче Дориев од белата точка во 41. минута.
Откако Ренова во 83. минута израмни преку Мустафов, во 89. минута нов пенал за „пандевци“ а овој пат реализираше Ѓорѓи Стоилов за победа од 2-1.
Головите од мечот во Турново може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА