ВИДЕО: Солзите на Анчелоти – срцето се стегаше, но „пукна“…

Карло Анчелоти тешко ја доживеа смртта на Диего Армандо Марадона. Тоа очигледно се потврди и на минутата молк во чест на аргентинскиот ас пред натпреварот меѓу Евертон и Лидс во Премиерлигата.

Анчелоти одлично го познаваше Марадона од времето кога беше член на Рома и Милан, а Аргентинецот настапуваше за Наполи.

За време на минутата молк пушти солза во чест на Марадона, иако се обидуваше и да се воздржи. Но, не издржа срцето…

 

Марсело Биелса, пак, последната чест за сонародникот ја оддаде со аплауз.

Во период од 1984 до 1991 година Анчелоти и Марадона еден против друг се соочија 11 пати. Италијанецот беше поуспешен со шест победи, додека Марадона славеше само еднаш на натпреварите против тимовите во кои член беше Анчелоти.

Се вчитува...