ВИДЕО: Солзите на мајката и синот по заминувањето од саканиот клуб го обиколуваат светот!

Последните часови од преодниот рок донесоа неколку навистина големи трансфери, меѓу кои секако и оној на Енцо Фернандез во Манчестер Сити.

Но, се случија и неколку многу емотивни приказни, а една од нив е онаа што доаѓа од Шпанија. Во главната улога е младиот фудбалер на Реал Бетис, Пабло Гарсија, кој ненадејно потпиша за Расинг Сантандер.

Гарсија, кој има 20 години, беше снимен во автомобил со својата мајка, двајцата расплакани. Сè се случи откако младиот играч ги собра своите работи од соблекувалната и го напушти клубот.

По тие сцени, за Радио Копе проговори неговиот татко Рамон, кој исто така не можеше да ги скрие своите емоции.

„Го видовте момчето и мајката… Сето ова е тешко за нас. Сепак, штом ќе почне да тренира, ќе се потруди и сигурен сум дека ќе им донесе многу среќа на навивачите на Расинг“, рече неговиот татко низ солзи.

После тоа, неговиот татко објасни што точно се случило.

„Важно е што игра сега кога е многу млад. Бетис има одличен тим со многу врвни играчи. Имавме дилема дали треба да остане и да чека трошки од клубот или да оди некаде каде што ќе игра. Ние го избравме второто.“

Се вчитува...