ВИДЕО: Спектакуларен гол на Ашковски – Како „брз воз“ мина 70 метри и погоди против ФЦСБ

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски постигна спектакуларен погодок во првата рунда натпревари од плејофот во Романија на дуелот на неговиот Ботошани против лидерот ФЦСБ.

Ашковски крадејќи една топка на околу 25 метри пред својот гол, истрча речиси 70 метри и успеа да погоди за водство од 0-1 на Ботошани.

Но, фаворитот ФЦСБ со два погодоци во второто полувреме успеа да дојде до победа од 2-1.

Се вчитува...