ВИДЕО: Спекталуларен гол на Миовски – Маестрални ножички од 20 метри!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна ретко виден погодок на фудбалските терени во светот. Во Купот на Унгарија, МТК Будимпешта има 0-4 на полувремето против нисколигашот Шенјо Карнифекс.

А, вториот погодок на тимот во 19. минута беше вистинско ремек-дело на Бојан Миовски.

Македонскиот напаѓач на гради прими топка на 20 метри и маестреално со ножички погоди под гредата од противничкот гол.

Миовски го постигна и третиот гол за МТК, а втор за себе на натпреварот, во 32. минута погодувајќи за 0-3 во тие моменти.

Се вчитува...