ВИДЕО: Страотен пад на Маркез, Квартараро до пол-позицијата во Сепанг

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез доживеа нов страотен пад, овој пат на патеката Сепанг во квалификациите за Големата награда на Малезија.

Возачот на Репсол Хонда буквално „полета“ од својот мотор, но за среќа останувајќи без посериозни повреди. Интересно, и по таквиот пад Маркез веднаш стана и ги продолжи квалификациите, кои ги заврши на 11. место што е негов најлош пласман од квалификациите на Муџело од 2015 година.

На утрешната трка од пол позицијата ќе стартува Фабио Квартараро за кого ова ќе биде прв водечки старт сезонава.

Се вчитува...