Шкендија има 1-1 на полувремето од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига против Борец, благодарение на ефектниот гол на Бруно Дита во 35. минута од средбата.
Тетовци бркаа негатива против велешани на домашен терен откако Борец, по одличната игра, поведе во 19. минута со голот на Марио Станковски.
Силекс, пак, стигна до целосен пресврт па води со 2-1 на полувремето откако Ренова поведе со голот од 35 метри на Рамадани…
Во самиот финиш од првото полувреме, најпрво на 1-1 израмни Пепи Георгиев во 42. минута.
А, потоа во судиското продолжение од првите 45 минути на 2-1 зголеми Денис Ристов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА