ВИДЕО: Уште непочнато – Работнички губи од Хонвед со 2-0

Неочекувано лош старт на Работнички на гостувањето против Хонвед во Будимпешта на реванш дуелот од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

По само 15 минути игра, домашните веќе имаат предност од 2-0… Најпрво уште во 6. минута Холендер погоди по грешката во одбраната на Деан Митрев.

А, веќе во 15. минута истиот фудбалер ги доведе домашните до водство и од 2-0.

Работнички по првиот натпревар од Скопје има триумф од 2-1.

Се вчитува...