ВИДЕО: „Вардарки“ солзи кријат, сами течат

Обезбедувањето на петтото учество на фајналфор турнирот од Лигата на шампионите не беше во преден план вечерва во СЦ „Јане Сандански“, каде ракометарките на Вардар за последен пат играа еден европски меч пред своите гледачи.

Свесни за тој факт, и навивачите и ракометарките емотивно ги проследија последните минути, за потоа да почне и прошталниот поздрав, на кој солзи беа забележливи и на теренот, како и на трибните. Пет години траеше овој проект што ќе заврши летово, а останува надежте дека „црвено-црните“ наредниот месец конечно ќе ја исполнат големата желба – да се закитат со европската круна.

Тогаш сигурно повторно би ја наполниле салата, за последен шампионски поздрав со верните фанови.

Се вчитува...